Санела Шкријељ, ден по Skopje Pride

Еднаквоста се учи, верувам во општество еднакво за сите

Еден ден по одржувањето на Skopje Pride 2023 – Гласни и Горди, ја запрашавме пратеничката Санела Шкријељ, како си помина на прајдот и зошто е значајно да се даде поддршка на овој настан. Еве го нејзиниот одговор:

„Драго ми е што и овогодинешниот прајд помина во знакот на славење на љубовта, толеранцијата и солидарноста, без никакви инциденти. Го поддржувам прајдот затоа што верувам во општество еднакво за сите. Прајдот е важен како порака за се уште потребната политичка борба за еднакви права и општествено прифаќање на секоја индивидуа.

За да изградиме општество кое ги негува културата и богатсвото на различностите неопходно е да создадеме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација. Еднаквоста се учи од најмала возраст и образованието мора да се заснова на принципите на инклузивност, интеркултурализам и родова еднаквост. Секако дека институциите и носителите на јавни функции играат клучна улога и во креирање на политики што ќе значат еднакви права и пристап за секој да може да живее и да се реализира согласно сопствените убедувања, но и во спречување и соодветна реакција на целиот говор на омраза спрема ЛГБТИ заедницата на што сведочиме периодов.

Во време кога антидемократските движења се засилуваат, обидувајќи се да го срушат се она што како општество сме го постигнале, верувам дека сите ние заеднички ќе се спротивставиме и ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни