Една жртва, 50 повредени е балансот по силниот земјотрес во Бангкок

Според официјалните податоци, една личност загина, а 50 се повредени во уривањето на зградата. Поради сериозноста на ситуацијата, тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Подржувањата на тлото се почувствувале и во главниот град на Тајланд, Бангкок, каде што стотици луѓе во паника излегле од зградите, објави Reuters.

При земјотресот, зграда во изградба во Бангкок се урнала, соопшти полицијата. На социјалните мрежи кружи драматична снимка на која се гледа како повеќекатница со градежен кран на врвот се урива во облак прашина. Полицијата информираше дека нивни тимови се на терен во близина на познатата пазарна област Чатучак.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни