Здравјето на срцето е основа за квалитетен и исполнет живот. Срцето секојдневно пумпа крв богата со кислород, хормони и хранливи материи низ телото и ги отстранува отпадните материи, овозможувајќи му на организмот правилно да функционира.
Токму затоа грижата за срцето има клучна улога во превенцијата на болести како што се висок крвен притисок, срцев и мозочен удар. Важно е да се знае дека здравјето на срцето не зависи само од вежбањето, туку и од секојдневните навики.
Кардиолозите предупредуваат дека една честа утринска навика може да му наштети на срцето, а тоа е започнување на денот во „реактивна“ состојба, односно веднаш проверување пораки, мејлови или влегување во стрес уште од раните утрински часови.
Кардиолозите предупредуваат дека започнувањето на денот во реактивна состојба, односно со веднаш проверување пораки, мејлови и влегување во стрес, ја активира реакцијата на организмот на напнатост уште од раните утрински часови.
Според нив, ова го зголемува нивото на кортизол и го забрзува срцевиот ритам, што на долг рок може да придонесе за висок крвен притисок и воспалителни процеси во крвните садови. Хроничниот стрес, предупредуваат кардиолозите, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и невролошки проблеми.
Наместо тоа, лекарите советуваат денот да започне помирно, со активности како медитација, лесно истегнување или кратко движење. Воведувањето стабилна утринска рутина што се повторува секој ден може да помогне енергијата да се насочи кон поважни навики, како квалитетен појадок и физичка активност, а воедно да придонесе и за подобра концентрација во текот на денот.
Тие посочуваат и дека доследниот ритам на спиење и будење има важна улога во намалувањето на стресот.
Раното утро, според стручните лица, е особено чувствителен период за срцето, бидејќи тогаш природно доаѓа до пораст на крвниот притисок, хормоните на стрес и забрзување на пулсот.
Таа додава дека комбинацијата од дехидратација, стрес и кофеин може дополнително да го оптовари организмот. Кардиолозите истакнуваат дека едноставни промени, како внесување течности, лесно движење и мирен почеток на денот, можат да имаат големо влијание врз здравјето на срцето.