Една слика, илјада зборови – Бербок не сакаше да биде фотографирана со Шолц

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок ја напушти седницата на владата, одбивајќи да се фотографира со канцелар Олаф Шолц откако тој го условуваше освојувањето на нов пакет помош за Украина.

Фотографијата објавена од германскиот весник Билд ја покажува ситуацијата во која се наоѓа германската влада на најдобар можен начин.

Канцеларот Шолц остана на ставот дека би се согласил на нов пакет помош за Украина, вреден три милијарди евра, само доколку се суспендира лимитот за задолжување. Токму и условот за суспендирање на лимитот беше главната причина за раскинувањето на коалицијата од СПД, Зелените и ФДП.

Бербок го обвини Шолц дека се обидува да ги злоупотреби политиките за помош на Украина за изборни цели. Таа изјави дека им штети што некои луѓе федералните избори ги ставаат пред одговорноста за мир во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни