Една промена на вратот може да укаже на проблеми со срцето

Прекумерната тежина, особено околу половината, може негативно да влијае на здравјето на срцето поради поврзаноста со високиот крвен притисок, холестеролот и лошата исхрана. Сепак, дали знаевте дека масните наслаги на вратот може да се поврзат и со состојбата на вашето срце?

Една нова студија, објавена во Nutrition Journal, открива  дека мерењето на обемот на вратот може да „ја подобри способноста да се предвиди ризикот од срцева слабост кај поединци“.

Тие, исто така, го испитуваа индексот на телесна маса (БМИ) и индексот на висцерална маснотија – мерка за откривање на прекумерни количини на длабоки стомачни масти. Резултатот од пресекот на методите покажа ризикот од срцева слабост.

Луѓето со поголем обем на вратот се повеќе склони кон проблеми со срцето 

Студијата опфатила речиси 90.000 учесници на возраст од 18 до 80 години, кои на почетокот немале кардиоваскуларни болести. Лицата преку разни анкети биле следени 10 години. Приближно пет години по студијата следењето покажало дека оние со најголем обем на вратот, приближно поголем од 39 cm, се „значително поврзани со висок ризик од срцева слабост“.

Исто така, студијата покажала дека вишокот маснотии во пределот на вратот испушта различни хемикалии кои предизвикуваат воспаление, ги оштетуваат крвните садови и доведуваат до оксидативен стрес кој може да ги оштети клетките. 

Откриено е дека луѓето со поголем обем на вратот се повеќе склони кон опструктивни проблеми со спиењето, како што се апнеја и ‘рчењето’. 

И студијата од 2022 година објавена во списанието на Американското здружение за срце открила врска помеѓу обемот на вратот и зголемениот ризик од срцеви заболувања.

Пациентите со поголем обем на вратот имаат поголема веројатност да имаат атријална фибрилација

Американските научници откријле дека пациентите со поголем обем на вратот имаат „многу поголема веројатност“ да страдаат од атријална фибрилација, состојба која се карактеризира со неправилно и забрзано чукање на срцето.

„Се покажа дека обемот на вратот е поврзан со зголемен кардиоваскуларен ризик. Постојат докази дека ослободувањето на слободни масни киселини од поткожното масно ткиво на горниот дел од телото е поголемо во споредба со поткожното масно ткиво на долниот дел од телото“, се наведува во студијата.

Слободните масни киселини се исто така поврзани со други сериозни болести, вклучително и рак и дијабетес тип 2. Познато е дека придонесуваат за отпорност на инсулин и оксидативен стрес, кои играат улога во развојот на срцева слабост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни