Двете жртви се студенти на универзитетот, додека осомничениот напаѓач не е студент, пренесе CBS.
Инцидентот се случил пред студентскиот дом Јанг Хол, на јужната страна од универзитетскиот кампус. Осомничениот бил веднаш уапсен од универзитетската полиција и идентификуван како Џејкоб Ли Бард од Евансвил, Индијана.
Тој е приведен под сомнение за убиство и напад од прв степен.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, како и помошник-началникот на полицијата во Франкфорт, Скот Трејси, изјавија дека пукањето претставува изолиран инцидент и дека нема индиции за поширока закана кон студентите.
„Повреденото лице е пренесено во локална болница и се наоѓа во критична, но стабилна состојба“, додаде Трејси.
Полицијата соопшти дека реагирала на пријава за пукање околу 15:35 часот по локално време, а кампусот на универзитетот останува во блокада до понатамошно известување, додека трае истрагата и проверката на безбедносната состојба.
Властите апелираа студентите и персоналот да останат во затворени простории и да ги следат инструкциите на службите за безбедност.
Извор:N1info.rs
