Една карактеристика јасно ја открива личност со натпросечна интелигенција

Ново истражување покажува дека луѓето кои имаат добро чувство за хумор, односно духовитост, се натпросечно интелигентни.

Иако луѓето генерално сакаат да мислат дека се попаметни отколку што се навистина, постои непогрешлив показател за натпросечна интелигенција.

Имено, голема студија на Универзитетот во Ново Мексико покажа дека натпросечно интелигентните луѓе имаат неколку заеднички особини, но една значително се издвои. Станува збор за чувство за хумор, односно острина, што ја докажува брзината на размислување, обработката на мислите и ставањето на работите во контекст на креативен начин.

Така, хуморот е значаен показател за мозочните способности, без оглед на тоа дали е „црниот“, кој оди на сопствена сметка или на туѓа сметка. Клучот е токму таа брзина на размислување, истакнуваат научниците.

Генетските фактори значително ја одредуваат интелигенцијата на детето, особено генот FNBP1L кој ги пренесува родителските кодови, покажа истражувањето од Универзитетот во Квинсленд.

Во него, научниците анализирале примероци од ДНК од над 18.000 деца од Австралија, Холандија, Велика Британија и САД, на возраст од шест до 18 години, а потоа ги споредиле примероците со резултатите од нивните тестови за интелигенција.

Тие откриле дека индивидуалните варијации во генетскиот код на децата влијаат на нивните резултати од тестовите, па затоа нашите гени одредуваат околу 40 проценти од вкупната интелигенција.

„Овие наоди ни доаѓаат како резултат на најголемата студија на тема детска интелигенција и се дополнителен доказ дека гените се важни, дури и поважни од воспитувањето во обликувањето на детската интелигенција“, рече раководителот на истражувањето, професор Бебен Бенџамин.

Научниците веруваат дека ова откритие би можело да има големо влијание врз подоброто разбирање на менталните нарушувања кај децата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни