Шпанија е земја во која е нелегално да се вози автомобил облечен во јакна.
Значи, ако возите со зимска јакна и капут, може да добиете казна и до 200 евра. Идејата зад ова правило е дека зимската јакна ве ограничува при возење, односно го ограничува вашето движење зад воланот. Во Шпанија истото важи и ако носите шал или ракавици.
За потсетување, тестовите на германскиот автомобилски клуб (ADAC) покажаа дека со зимска јакна може да имате друг вид на проблеми. Имено, ќе го оневозможи правилното затегнување на безбедносниот појас.
Поради полнењето на зимската јакна, има простор помеѓу појасот и телото, па може да ве повреди при несреќа. Ова може да предизвика сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и да доведе до внатрешно крварење. Затоа, стресот на внатрешните органи е многу поголем отколку ако појасот е поблиску до телото.
Исто така препораките се и децата во детските седишта да бидат врзувани без јакни, поради истите причини, но и поради опасноста при нагло кочење тие да излетаат од седиштето, бидејќи појасот не ги обезбедува доволно.