Една бобинка – подолг живот: Зошто боровинките се вистински сојузник за здравјето

Дали исхраната може да влијае врз долговечноста? Одговорот е – да, велат нутриционистите.

Меѓу многуте здрави намирници, боровинките се издвојуваат како особено корисни. Овие сино-виолетови плодови се преполни со хранливи материи и растителни соединенија кои може да помогнат да живеете подолго и поздраво.

Антиоксиданси кои штитат од стареење
Боровинките содржат антоцијанини – моќни антиоксиданси кои ја даваат нивната карактеристична боја. Тие ги намалуваат воспалителните процеси и оксидативниот стрес во организмот, што може да помогне во превенција на дијабетес, срцеви и невролошки болести.
Доволна е дури и една третина чаша боровинки дневно за значајни здравствени придобивки.

Поддршка за здрави црева
Една чаша боровинки содржи околу 3.5 грама растителни влакна (13% од дневните потреби). Влакната помагаат за подобро варење, контрола на апетитот и стабилен шеќер во крвта.
Дополнително, полифенолите од боровинките хранат добри бактерии во цревата и ја подобруваат микробиотата.

Заштита од хронични болести
Редовното консумирање боровинки го намалува ризикот од висок притисок, холестерол, срцев и мозочен удар, а исто така ја подобрува и инсулинската чувствителност, што е важно за превенција од дијабетес тип 2.
Постојат и докази дека боровинките можат да го зачуваат кognитивното здравје и да заштитат од Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Но не само боровинките – и друго овошје може да придонесе за подолг живот:
Портокали – богати со витамин Ц и калиум, го одржуваат притисокот и го штитат срцето.
Јаболка – полни со влакна и антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на срцето.
Авокадо – богат со здрави масти, две порции неделно може да го намалат ризикот од срцеви болести.
Вишни – имаат противвоспалителни својства, го подобруваат сонот и го штитат мозокот и зглобовите.

Малите навики – како додавање на боровинки во секојдневната исхрана – можат да направат голема разлика за вашето здравје на долг рок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни