Во Албанија во недела ќе се одржат 11. парламентарни избори од падот на комунистичкиот режим и воведувањето на повеќепартискиот систем. За власта се борат 53 политички партии и три коалиции, а Еди Рама бара четврти мандат. Во анкетите пред изборите тој и понатаму има предност.
Целта е освојување мнозинство од 140 пратенички места во Парламентот, што би му овозможило на победникот самостојно да формира Влада.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, вкупно 3,75 милиони албански граѓани имаат право на глас, во 12 изборни единици. На овие избори за првпат гласа и албанската дијаспора.