Еди Рама со нов “Фотоалбум” за иднината: „Албанија 2030 во ЕУ“

Премиерот Еди Рама ги претстави новите министри со кои вели дека ќе ја води Албанија кон полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Албанскиот премиер Еди Рама утрово на Инстаграм објави порака со која ја претстави новата визија на неговата влада за интеграцијата на Албанија во Европската Унија до 2030 година.

Во кратката објава на Instagram, Рама напиша: (Добро утро 😊 и со фотоалбумот на новата влада за Албанија 2030 во ЕУ, ви посакувам убав ден).

Оваа порака доаѓа во време кога Тирана се наоѓа пред нова фаза од преговорите со Брисел, а амбицијата за полноправно членство до крајот на деценијата станува сè погласна и поопределена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни