При пад на мал авион на автопат во Њујорк, во округот Вестчестер, загинало едно од двете лица во авионот, а другото е повредено, соопштија властите.
Според објавеното видео од местото на настанот, авионот се урнал на зелената површина помеѓу заштитната ограда којашто ги дели двата правци на автопатот. Поради несреќата, сообраќајот бил прекинат во должина од околу 40 километри.
„Моето срце е со најблиските на оние кои беа во авионот за време на овој трагичен инцидент и се молам за безбедно закрепнување на повредениот поединец“, рече гувернерката Кети Хочул.