Холестеролот е еден од оние “тивки убици”, кои ретко предизвикува очигледни симптоми, но доколку вредностите се високи може сериозно да го загрози здравјето.
Холестеролот е вид на маст која нашето тело природно ја произведува и е неопходен за клетките и за производството на хормони. Меѓутоа, кога нивото на “лошиот” холестерол или LDL е преголемо, може да предизвика акумулација на наслаги во артериите што ја зголемува опасноста од срцев и мозочен удар.
Истражувањата потврдуваат дека ниацинот го зголемува нивото на „добриот” HDL холестерол и ја намалува количината на триглицериди во крвта. Ниацин, познат и како витамин Б3, има клучна улога во намалување на „лошиот” холестерол, додека истовремено го зголемува „добриот” холестерол (HDL) и го намалува триглицеридот.
Според истражувањата, ниацин може да го намали LDL холестеролот за 25%, да го зголеми HDL холестеролот за повеќе од 30% и значително да го намали триглицеридот. Иако ниацин често се наоѓа во мултивитамини, неговите терапевтски дози за намалување на холестеролот (1000-3000 mg дневно) треба да се користат исклучиво под надзор на лекар.
Внимание со ниацин
Добрата вест е дека ниацин природно се наоѓа во многу намирници. На пример, ќе го најдете во житарици, зеленчук и овошје (особено моркови), говедско месо, пилешко, риба, јајца, млеко, сирење, грав, леќа, ореви, квасец, мекини, па дури и во кафе.
Заедно со ниацин, природните сојузници во борбата против високиот холестерол се лук, овес, ленено семе, зелен чај, соја, како и станоли и стероли.
Иако ниацин е моќен сојузник, тој може да предизвика нуспојави како црвенило на кожата, главоболки или стомачни тегоби. Во потешки случаи на предозирање, можни се посериозни компликации како оштетување на црниот дроб или зголемен ризик од мозочен удар. Затоа е неопходно да се консултирате со лекар пред да започнете со користење на ниацин или други додатоци во исхраната.