Студентското протестно движење во Србија зема се поголем замав и во моментов околу 50 државни факултети се под студентска блокада. Освен блокадите на факултетите, студентите активно протестираат и на улиците и пред важни државни и медиумски институции.
Поддршка пристигнува од студентите во регионот, вклучувајќи Риека, Загреб, Љубљана и Бања Лука, кои се солидаризираат со нивните колеги во Србија.
Студентите од Филозофскиот факултет во Загреб организираа протест од 15 минути како поддршка на блокадите во Србија, а исто така и од Филозофскиот факултет во Риека и Факултетот за политички науки во Загреб. Студентите ја изразуваат својата поддршка преку различни форми на акции, писма и јавни изјави, со цел да ја покажат солидарноста со борбата на своите колеги од Србија.
Во меѓувреме, од Нови Сад пристигнуваат видеа на кои се гледа насилството на контрапротестантите кои се трудат со сила да ги деморализираат оние кои протестираат. Но, очигледно наидуваат на отпор.