Еден од највалканите предмети што секој возач го користи, но ретко го чисти

Клучевите од автомобилот можеби изгледаат безопасно, но според ново истражување, тие се еден од највалканите предмети што секојдневно ги користиме, дури и повалкани од мобилните телефони и тастатурите!

Истражување на компанијата Money Supermarket покажало дека тастерите на клучевите содржат четири пати повеќе бактерии од екранот на мобилен телефон. Иако секојдневно ги држиме, носиме и користиме, третина од возачите никогаш не ги имаат исчистено своите клучеви, а четвртина ги користат повеќе од пет години.

Експертите предупредуваат дека на клучевите се задржуваат бактерии како Staphylococcus epidermidis, која потекнува од кожата, но може да предизвика сериозни инфекции – особено во болнички услови. Уште позагрижувачки е што се појавиле и цревни бактерии, што укажува на тоа дека овие предмети може да бидат вистински преносители на зарази.

Како да ги заштитите себе и другите?

  • Чистете ги клучевите барем еднаш неделно со мека влажна крпа и благ сапун.
  • Избегнувајте белило – може да го оштети металот.
  • Никогаш не ги потопувајте во вода – може да се расипе електрониката или далечинскиот управувач.

И додека некои производители како BMW и Mercedes се издвојуваат по поголема хигиенска свест кај своите корисници, загрижувачки е што 15% од возачите немаат резервен клуч, што може да предизвика големи трошоци и проблеми при загуба.

Мал предмет, голем ризик – не заборавајте: клучевите не се само алатка, туку и потенцијален извор на бактерии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни