Еден од минатогодишните најуспешни филмови добива продолжение

Анимираниот хит The Super Mario Bros. Movie ќе добие продолжение, пренесува The Hollywood Reporter. Продолжението ќе биде премиерно прикажано на 3 април 2026 година, речиси три години по премиерата на филмот.

Продолжението ќе го режираат режисерите на оригиналниот филм, Арон Хорват и Мајкл Јелениќ. Крис Меледандри, од студиото за анимација Илуминација, потврди дека аниматорите веќе почнале да создаваат концепти за новиот филм.

„Наскоро започнуваме со анимација и бидете сигурни дека ќе внимаваме на секој детал за да бидеме сигурни дека сè ќе излезе совршено“, рече Меледандри.

Првиот филм ги следи Марио (Крис Прат) и неговиот помлад брат Луиџи (Чарли Деј) кои работат како водоводџии во Бруклин пред мистериозна цевка да ги одведе во Кралството на печурките.

Остатокот од актерската екипа го сочинуваат Киган-Мајкл Ки, Џек Блек, Себастијан Манискалко и Ања Тејлор-Џој.

Шигеру Мијамото од Нинтендо изјави дека овој пат дополнително ќе ја прошират приказната за Супер Марио и дека новиот филм ќе има оптимистичка и забавна приказна.

Супер Марио Брос минатата година заработи над 1,3 милијарди долари, што го прави вториот филм со најголема заработка во 2023 година, зад блокбастерот Барби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни