Во соработка со познатиот бренд за сладолед Van Leeuwen, британскиот пејач својот претстојниот албум го претвори во уникатна ледена слатка изработка.
Неговиот осми студиски албум, „Play“, ќе излезе во петок, 12 септември, а четирикратниот добитник на Греми награди одлучи на обожавателите да им понуди слатка инспирација од новиот албум.
Розова сладост инспирирана од музиката
Од 10 септември, Sheeran и Van Leeuwen го лансираа „Play Pink“ – ограничено издание на сладолед инспириран од новиот албум на британскиот артист. Како и омотот на албумот, новиот вкус има живописна розова нијанса, но тоа не е единствената врска со музиката.
Пејачот го опиша албумот „Play“ како враќање кон „големиот поп“, а таа енергија се рефлектира и во соработката со Van Leeuwen. „Play Pink“ нуди весел вкус со розова база со вкус на пунч, измешан со пита и парчиња колач од гуава. Ограниченото издание ќе биде достапно во повеќето Van Leeuwen салони во Њујорк, додека траат залихите.
Соработка со познати личности
Ова не е првпат брендот за сладолед да соработува со познати личности. Van Leeuwen гради репутација преку колаборации со бројни јавни личности. Летово, брендот се здружи со Кајли Џенер за сорбет со вкус на праска и манго, а во јуни 2024 со Сабрина Карпентер за сладолед со вкус на еспресо. Меѓу нивните соработници се и НБА ѕвездата Џими Батлер и пејачката Марен Морис.
Извор: Index.hr