ЕБУ воведе нови правила за Евровизија, забранети LGBTQ+ знамиња

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови правила пред годинешниот Евровизиски фестивал. Според изменетите прописи, годинава на публиката ќе ѝ биде дозволено да мавта со палестински знамиња, што минатата година предизвика политички контроверзии.

Сепак, тоа не е сè – истовремено е забрането истакнување на сите LGBTQ+ знамиња, што предизвика гнев кај бројни активисти. Изведувачите годинава ќе смеат да носат на сцена исклучиво знамиња на државите што ги претставуваат, пишува Index.

Забраната за носење други знамиња се однесува на изведувачите и ќе важи на сцената, во навивачката зона, таканаречениот „green room“, како и во сите официјални простории каде што се наоѓаат натпреварувачите додека ги чекаат резултатите. Групите за LGBTQ+ права веќе ја критикуваа оваа одлука, тврдејќи дека знамето со виножито не претставува политичка порака, туку личен идентитет.

Инаку минатогодишниот победник од Швајцарија, Немо, за време на дефилето на знамињата го носеше небинарното знаме – жолто-бело-виолетово. На еден од панелите по победата изјави дека морал да го прошверцува знамето бидејќи организаторите му забраниле да го истакне. Неколку фанови се обиделе да го направат истото од публиката, но обезбедувањето ги натерало да ги фрлат знамињата пред влезот во арената.

На овогодишната Евровизија учествуваат повеќе изведувачи кои припаѓаат на LGBTQ+ заедницата. Меѓу нив се Мириана Конте (Малта), ЏејЏеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак, кој претходно јавно изјави дека е геј.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни