Сепак, тоа не е сè – сите ЛГБТК+ знамиња се исто така забранети, што предизвика гнев кај многу активисти. Оваа година, на изведувачите ќе им биде дозволено да носат само знамиња на земјите што ги претставуваат на сцената.
Забраната за носење други знамиња се однесува на изведувачите и ќе важи на сцената, во фан-зоната, т.н. „зелена соба“ и сите официјални простори каде што натпреварувачите чекаат резултати. Групите за права на ЛГБТК+ заедницата веќе ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека знамето со боите на виножитото не претставува политичка порака, туку личен идентитет.
Да потсетиме дека минатогодишниот швајцарски победник Немо носеше небинарен симбол за време на парадата на знамињата – жолто-бело-виолетово знаме. На еден од панелите по победата, тој изјави дека морал да го шверцува знамето бидејќи организаторите му забраниле да го истакнува. Неколку навивачи се обидоа да го сторат истото од публиката, но беа принудени од обезбедувањето да ги спуштат знамињата пред да влезат во салата.
На овогодинешната Евровизија учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), ЈЈ (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак, кој претходно изјави дека е геј.