Е-трговијата ќе превземе една петтина од вкупната малопродажба на европскиот пазар до 2029 година

До 2029 година, е-трговијата ќе има речиси 21 процент од вкупната малопродажа на овие пазари, додека во 2024 тој удел изнесува 16 проценти. За разлика од онлајн продажбата, традиционалната малопродажа ќе расте значително побавно. Се очекува просечна годишна стапка на раст (CAGR) од само 1,7 проценти.

Американската истражувачка компанија Forrester предвидува значителен раст на онлајн продажбата во Европа во периодот од 2024 до 2029 година. Според нивниот извештај, се очекува интернет продажбата да порасне од 389 милијарди евра во 2024 на 565 милијарди евра во 2029 година, при што ќе зазема сè поголем удел во вкупната малопродажа.

Студијата опфаќа петте најголеми западноевропски економии – Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија, пренесува EcommerceNews.


Уште во 2023 година, Forrester предвиде годишна стапка на раст на онлајн продажбата од 9,2 проценти до 2028. година. Сепак, според новиот извештај, растот се забавува, па сега се очекува просечна годишна стапка на раст (CAGR) од 7,8 проценти за периодот 2023-2029.

До 2029 година, е-трговијата ќе има речиси 21 процент од вкупната малопродажа на овие пазари, додека во 2024 тој удел изнесува 16 проценти. За разлика од онлајн продажбата, традиционалната малопродажа ќе расте значително побавно. Се очекува просечна годишна стапка на раст (CAGR) од само 1,7 проценти.

Кога се разгледуваат поединечни пазари, Forrester предвидува дека Велика Британија ќе биде лидер во европската е-трговија. До 2029 година, британската е-трговија ќе достигне 207 милијарди евра (176 милијарди фунти). Пред две години, вредноста на британскиот онлајн пазар изнесуваше 152 милијарди евра (130 милијарди фунти).

Германската е-трговија ќе порасне од 97 милијарди евра во 2023 на 146 милијарди евра до 2029. година. Франција ќе достигне 106 милијарди евра, во споредба со 73 милијарди евра од 2023. година.

Прогнозиран удел на онлајн продажбата во вкупната малопродажа до 2029 година ќе изнесува 32 проценти за Велика Британија, 21 проценти за Германија и 17 проценти за Франција. Покрај тоа, Forrester предвидува дека овие земји ќе се развијат во центар за раст на онлајн пазарите и е-комерц платформи.

„Растот на онлајн продажбата го менува малопродажниот сектор, овозможувајќи им на компаниите да ја прошируваат својата база на купувачи преку попрактични и персонализирани куповни искуства“, оценуваат аналитичарите на компанијата Forrester.

Тие советуваат европските трговци да ги направат инвестициите во дигитални платформи и омниканал стратегии (сеопфатни начини на продажба) приоритет, за да одговорат на растечката побарувачка за онлајн купување.

Успехот на пазарот до 2030 година ќе зависи од способноста на трговците да ги комбинираат онлајн и офлајн искуствата, за да ја задржат конкурентноста во сè повеќе дигитализираниот свет на малопродажбата, заклучува Forrester.

Европската комисија најави минатиот месец дека планира да воведе нови такси на увоз на производи купени преку е-трговија, за да се спречи наглиот пораст на „штетни“ производи во ЕУ, од кои повеќето доаѓаат од Кина.

Оваа одлука дојде во моментот кога Поштенската служба на САД (USPS) привремено јго прекина приемот на пакети од Кина и Хонг Конг, што ги погодило евтините онлајн платформите Тему и Шеин. Сепак, Европската комисија нагласи дека овие два потега не се координирани.

На прес-конференцијата во Брисел, европската комесарка за дигитални технологии Хена Виркунен истакна дека бројот на увозни пакети од е-трговија во ЕУ се удвостручуваше помеѓу 2023 и 2024 година, достигнувајќи 12 милиони пакети дневно.

„Многу од тие производи се небезбедни, фалсификувани или дури опасни“, предупреди Виркунен.

Европската комисија повика законодавците на ЕУ и земјите членки да разгледаат воведување такса на пакети увезени директно на потрошувачите. Оваа такса би ги покрила трошоците за надзор на почитувањето на прописите на ЕУ.

Виркунен нагласи дека целта на оваа мерка е заштита на здравјето и безбедноста на европските потрошувачи, намалување на еколошката и климатската штета предизвикана од големиот обем на испораки и создавање поправедни услови за европските мали и средни бизниси, кои трпат од нелојална конкуренција.

Европската комисија наведува дека околу 90 отсто од спорните пакети доаѓаат од Кина, при што Тему и Шеин се издвојуваат како најактивни трговци. Брисел сомнева дека овие кинески платформи не преземаат доволно мерки за да спречат продажба на производи кои не ги исполнуваат европските стандарди. Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на ЕУ за построга регулација на увозот и е-трговијата, особено од Кина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни