Sвездата на Реал, Жуниор испратил голи фотографии на позната инфлуенсерка: Таа откри детали

бразилската манекенка Ана Силва, откри детали за врската со sвездата на Реал, Жуниор

Фудбалската јавност остана запрепастена откако бразилската манекенка Ана Силва изнесе низа контроверзни тврдења за нејзината наводна приватна преписка со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Интервјуто, кое набрзо стана вирално на мрежата X, предизвика лавина од реакции, коментари и осуди, а обвинувањата на Силва фрлија нова светлина врз однесувањето на еден од најекспонираните фудбалери денес.

„Винисиус е сексуален манијак. Тој само ми испраќаше голи слики и бараше „валкани муабети“. Не го интересираше ништо друго освен тоа“.

Сепак, таа не беше заинтересирана за таков начин на комуникација.

„Му реков дека сум сапиосексуалец – сакам да разговарам, да имам ментална врска со некого. Тој не можеше да го измие тоа. Нема приказна, само секс, секс, секс…“ рече Ана.

Силва исто така откри дека, како што тврди, планирале заеднички одмор во Марбеља, но тоа не се случило.

Од друга страна, ниту Винисиус Жуниор ниту Реал Мадрид не објавија ништо за овие обвинувања. Додека социјалните медиуми се преполни со шпекулации и коментари, останува да се види дали бразилскиот фудбалер ќе одлучи да одговори на обвинувањата или едноставно ќе ги игнорира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни