Sony ќе плати околу 460 милиони американски долари за купување на правата на „Peanuts“ и неговите ликови, вклучувајќи го Снупи и Чарли Браун, кои ги создаде Чарлс М. Шулц.
Канадската компанија WildBrain ќе им го пренесе уделот од 41% за таа сума, кој Sony ќе го додаде на уделот од 39% што го стекна уште во 2018 година.
Доколку договорот добие одобрение од регулаторите, „Peanuts“ ќе стане консолидирана подружница на Sony по завршувањето на трансакцијата. Семeјството на Шулц ќе го задржи преостанатиот удел од 20%.
Чарлс М. Шулц го започна „Peanuts“ универзумот во стриповите пред 75 години, во 1950 година. Франшизата од тогаш значително порасна, создавајќи анимирани серии, мјузикли и филмови, со што Снупи стана еден од најпознатите ликови во светот.