Џон Илија Апелгрен со „Кубанска музичка авантура“ во Филхармонија

На 14 јуни во 20 часот во големата сала на НУ Филхармонија, најпознатиот македонски џез пејач Џон Илија Апелгрен, го најавува својот најнов проект, концертот „Кубанска музичка авантура“.

За време на концертот, Апелгрен ќе интерпретира дел од богатото кубанско музичко миље, особено од стилот кубански болеро на автентичен, шпански јазик. Бендот кој го придружува е составен од најдобрите актуелни џез музичари во Македонија, а сцената ќе ја збогатат двете вокални солистки Марија Димитријевиќ и Калина Велковска, како специјални гостинки. Аранжманите за овој концерт ги изработи врвниот македонски џез пијанист и аранжер Гордан Спасовски. Концертот ќе биде вистинско уживање за љубителите на квалитетна музика.

Фото Маја Агакијева

Ова е уште еден од низата успешни концерти на Аплегрен во изминативе неколку години. По „Француски шансони“ и „Звуците на Бразил“ каде се претстави со прекрасна музика од споменатите земји и по ексклузивниот концерт одржан на 14 фебруари со „Хитовите на Френк Синатра“, каде настапи со Националниот џез оркестар, „Кубанска музичка авантура“ е следно концертнто издание на овој македонски музички уметник кое со нетрпение го очекуваме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни