„Slop“ содржини создадени со вештачка интелигенција ги преплавуваат социјалните мрежи,

AI-генерирани „slop“ содржини масовно се шират на социјалните мрежи, носат милиони прегледи и предизвикуваат растечки бес кај корисниците. Како вештачката интелигенција го менува интернетот?

Социјалните мрежи се соочуваат со нов феноме, масовна појава на таканаречен „slop“ содржини, дигитален отпад создаден со помош на вештачка интелигенција, кој е визуелно впечатлив, но често апсурден, лажен и манипулативен. Иако е лесно препознатлив по нелогични детали, овој тип содржини често станува вирален и собира милиони лајкови.

Еден од примерите што ја поттикна јавната реакција е вирална слика на Фејсбук со наводно сиромашни деца од Јужна Азија, со физички деформации и нелогични елементи густa брада кај деца, торта среде прометна улица и порака со молба за лајкови. И покрај очигледните знаци дека станува збор за AI-генерирана слика, таа собра речиси милион реакции.

Од револт до онлајн движење

Токму ваквите примери го натерале 20-годишниот студент Теодор од Париз да отвори профил на мрежата Икс под името Insane AI Slop, каде јавно ги разобличува и исмева ваквите содржини. Неговиот профил брзо собра над 133.000 следбеници, а корисниците масовно почнаа да му испраќаат примери од слични објави.

„Slop“ содржините најчесто прикажуваат сиромашни деца, религиозни мотиви или воени сцени дизајнирани да предизвикаат силна емоција. Според Теодор, токму емотивната манипулација е причината зошто луѓето често не се сомневаат во автентичноста.

Алгоритми, профит и пад на квалитетот

Технолошките компании отворено ја прифаќаат вештачката интелигенција. Марк Закерберг неодамна изјави дека социјалните мрежи влегле во „трета фаза“, во која AI овозможува експлозија на нови форми на содржина. Meta и YouTube нудат алатки што го олеснуваат создавањето вакви објави, а истовремено признаваат дека расте загриженоста поради содржини со низок квалитет.

Истражување покажува дека дури 20 отсто од видеата што ги гледа нов корисник на YouTube се AI-генерирани „slop“ видеа. Некои канали остваруваат милијарди прегледи и милионски приходи, што дополнително го поттикнува масовното производство на ваков дигитален отпад.

„Трулење на мозокот“ и губење доверба

Експертите предупредуваат дека постојаната изложеност на бесмислени и лажни содржини може да доведе до намалување на вниманието, критичкото размислување и довербата во онлајн информациите – феномен познат како „brain rot“ (трулење на мозокот).

Дополнителен проблем е тоа што многу платформи го намалија бројот на човечки модератори и сè повеќе се потпираат на корисниците самите да пријавуваат лажна содржина.

Може ли интернет без „slop“?

Иако постои растечки отпор и сè повеќе корисници јавно ги критикуваат AI-манипулациите, експертите сметаат дека целосно елиминирање на „slop“ содржините е малку веројатно. Технологијата станува сè посовршена, а разликувањето меѓу реално и лажно сè потешко.

Сепак, притисокот од јавноста може да доведе до нови платформи или правила што ќе го нагласат автентичниот, проверлив содржај – слично како што апликации како BeReal привремено ја сменија динамиката на социјалните мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни