Вчера во Makka bar се одржа традиционалното џез-матине на Скопскиот џез фестивал, настан кој и годинава го означи почетокот на календарската година со музика и сеќавања од изминатото фестивалско издание.
Во рамки на настанот беа промовирани новите календари на Скопскиот џез фестивал за 2026 година, кои содржат фотографии од 44. Скопски џез фестивал, забележани низ објективот на фотографот Žiga Koritnik. Календарите нудат визуелен преглед на фестивалската атмосфера и концертните моменти што ја одбележаа минатогодишната програма.
Музичкиот дел од џез-матинето му припадна на Тони Китановски Трио, кои настапија во состав: Тони Китановски (гитара), Оливер Јосифовски (контрабас) и Алек Секуловски (тапани).
Со овој настан, Скопскиот џез фестивал ја продолжи традицијата секој јануари да ги поврзува архивата, живата музика и публиката, потсетувајќи дека џезот не е само фестивалски момент, туку континуирана културна практика.



