Џеј Ди Венс го турка Орбан кон нов мандат во Будимпешта

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс од Будимпешта побара поддршка за Виктор Орбан, нарекувајќи го бранител на западната цивилизација, во момент кога унгарскиот премиер влегува во една од најтешките изборни трки во последните две децении.
Foto: Facebook

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на посетата на Будимпешта отворено ги повика Унгарците да гласаат за Виктор Орбан на изборите, јавно ставајќи се во функција на неговата кампања само неколку дена пред гласањето на 12 април. Венс настапи пред повеќе од 1.000 поддржувачи на Орбан на митинг во Будимпешта, каде го нарече унгарскиот премиер бранител на „западната цивилизација“.

Посетата се толкува како најјасен сигнал досега дека администрацијата на Доналд Трамп силно застанува зад Орбан во момент кога тој се соочува со сериозен пад во анкетите и една од најнеизвесните изборни битки во изминатите 20 години. Според АП, Орбан и неговата партија Фидес се соочуваат со тежок предизвик од партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар.

Во говорот, Венс остро ја нападна прогресивната политика, бирократијата и цензурата, а Орбан го пофали за неговите ставови против миграцијата и за конфронтацискиот однос кон Европската Унија. Тој исто така рече дека унгарските политики во енергетиката биле поисправни од оние на дел од западноевропските држави.

Во поширокиот регионален контекст, речиси во исто време Доналд Трамп Помладиот настапи во Бања Лука со остра критика кон Европската Унија, што дел од регионалните медиуми го толкуваат како координирана политичка офанзива на кругот околу Трамп во Централна и Југоисточна Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни