DW: Криминални банди ја злоупотребуваат социјалната помош во Германија

Според Дојче веле, банди во Дуизбург и Гелзенкирхен носат луѓе претежно од Бугарија и Романија и ги злоупотребуваат за измами со социјална помош (Bürgergeld). Работниците добиваат лажни договори со минимални плати, по што бараат дополнителна социјална помош – која најчесто завршува во рацете на измамниците.

Бандите дополнително заработуваат со издавање руинирани станови по високи кирии, кои надлежните заводи мора да ги плаќаат како дел од социјалната помош.

Најголемиот дел од случаите на злоупотреба сепак се врзани за германски државјани (околу две третини), додека Романците и Бугарите сочинуваат само околу 5,6 отсто од осомничените. Сојузната министерка за труд Бербел Бас зборува за „мафијашки структури“ и најавува построга борба, а локалните градоначалници бараат државата конечно да „покаже заби“.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни