Двојно убиство во Будва: Возрасен маж ги убил братот и внукот

Осомничен за двојното убиство е С.С. (65), брат, односно чичко на убиените, кој е уапсен, информираше полицијата

Злостор ја потресе Црна Гора откако утрово на Словенска плажа во Будва, татко и син биле убиени од огнено оружје.

Осомничен за двојното убиство е С.С. (65), брат, односно чичко на убиените, кој е уапсен, информираше порталот CdM.

На трагедијата наводно ѝ претходела расправија околу превозот на патници со брод.

„Утрово околу 8 часот, Дежурната служба на Одделот за безбедност во Будва била известена дека на улицата „Словенска Обала“ е употребено огнено оружје. Полициските службеници веднаш реагирале на местото на настанот и го пронашле осомничениот С.С. (65), пронашле огнено оружје и го уапсиле“, соопшти полицијата.

Братот и внукот на осомничениот починале од последиците од употребата на огнено оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни