Двоен самоубиствен напад во Пешавар: Напаѓачи ја таргетираа пакистанската паравојска – најмалку три загинати

Двоен самоубиствен напад во Пешавар: Напаѓачи ја таргетираа пакистанската паравојска – најмалку три загинати

Двоен самоубиствен напад утрово го потресе северозападниот пакистански град Пешавар, кога двајца бомбаши-самоубијци ја нападнаа командата на една од паравоените единици што формално делуваат покрај пакистанската армија и полиција, соопшти полицијата.

Според безбедносни извори за „Ројтерс“, најмалку три лица загинале во координираниот напад.

Првиот бомбаш се активирал на главниот влез од комплексот, по што вториот успеал да влезе во внатрешниот круг на објектот, изјави висок неименуван службеник. Армијата и полицијата веднаш го блокирале подрачјето и се сомневаат дека во базата можеби има уште напаѓачи.

Нападнатото седиште се наоѓа во густо населен дел од градот, близу една од војните касарни. Жителите сведочат дека улиците се целосно затворени и обезбедени со војска, полиција и специјални единици.

Паравоените единици што функционираат под Министерството за внатрешни работи имаат долгогодишна улога во Пакистан – дел од нив датираат уште од колонијалниот период. Во Пешавар е сместена единицата задолжена за надзор на границата со Авганистан и за учество во заеднички воени и полициски операции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни