Дводнева работилница за графити за љубителите на „шарените ѕидови„

Едни од најинтересните и најшарени типови букви се графитите. Живеат на многу градски ѕидови и во многу млади срца, изгледаат хаотични, но имаат правила на пишување и бараат бујна фантазија

Во сабота 16-ти септемви од 18 до 20 часот и недела 17-ти септември од 11 до1 3 часот во Атеље за цртање ќе се одржи дводнев работилница за графити.

„Едни од најинтересните и најшарени типови букви се графитите. Живеат на многу градски ѕидови и во многу млади срца, изгледаат хаотични, но имаат правила на пишување и бараат бујна фантазија. Во оваа работилница ќе научите како да си измислите свој графити таг, да ја напишете омилената фраза и уште за графитите“ велат организаторите.

Ментор на работилницата е Ангела Ајтовска, дипломиран м-р. по калиграфија. Таа е графички дизајнер, сликарка и калиграфка со богато искуство во повеќе уметнички дисциплини. Од мала возраст култивира љубов кон уметноста, музиката и јазиците, а со тоа и амбиција за професија во тие области. Шест години членува во Школата за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, каде што под менторство Александра Димитрова зема учество во бројни изложби, колонии и перформанси.

Под менторство на Лара и Васко Ташковси успешно се запишува на студија во Националната ликовна академија во Софија, каде што изучува бројни предмети од чистата и применетата уметност. Дипломира во септември 2022ра год. на смер „Плакат и визуелна комуникација“ со збирката на калиграфски плакати „Тера инкогнита“. 

Продолжува да ја следи својата страст кон буквите на магистерскиот смер „Калиграфија“ во истата академија. Преку бројни вежби, гледање на живи примери и истражувачка дејност се здобива со широко знаење во областа на уметничкото пишување букви и тоа на латиница, кирилица и глаголица . Магистрира во февруари 2024та год. со збирката калиграфии „Калингвистика“ – звање Калиграф и графички дизајнер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни