Злостор ја потресе Црна Гора откако утрово на Словенска плажа во Будва, татко и син биле убиени од огнено оружје.
Осомничен за двојното убиство е С.С. (65), брат, односно чичко на убиените, кој е уапсен, информираше порталот CdM.
На трагедијата наводно ѝ претходела расправија околу превозот на патници со брод.
„Утрово околу 8 часот, Дежурната служба на Одделот за безбедност во Будва била известена дека на улицата „Словенска Обала“ е употребено огнено оружје. Полициските службеници веднаш реагирале на местото на настанот и го пронашле осомничениот С.С. (65), пронашле огнено оружје и го уапсиле“, соопшти полицијата.
Братот и внукот на осомничениот починале од последиците од употребата на огнено оружје.