Две златни медали и еден бронзен за македонските каратисти на Европската летна универзијада

Фото: УКЛО

Каратистите Петар Заброски (-75кг) и Данило Божовиќ (+84кг) ги освоија златните медали на Европската летна универзијада која се одржа во Унгарија, додека каратистката Ангела Мојсовска се закити со бронзата во категоријата -68 кг.

Божовиќ и Мојсовска се студенти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, додека Заброски е студент на Универзитетот Климент Охридски од Битола.

Европската летна универзијада се одржа од 12 до 24 јули во Мишколц и Дебрецен во Унгарија и на неа учествуваа над 5000 студенти од 400 универзитети од 40 држави кои се натпреваруваа во 18 различни спортови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни