Пациенти од пожарот во Кочани рано утринава пристигнале на лекување во Загреб

Со оглед на тоа што се работи за пациенти кои изгореле во затворени простории, всушност очекуваме дека ќе бидат посериозно изгорени со некој поголем процес на површината на кожата. Очекуваме да имаат изгореници со вдишување, или изгореници на респираторниот тракт“

Две лица од земјава, кои се повредени во пожар во ноќен клуб во Кочани, рано утринава по 4 часот пристигнале на лекување во Хрватска и тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија на КБЦ Сестри милосрднициво Загреб, од каде подоцна ќе ја информираат јавноста за состојбата на пациентите- јавува Дневник на Нова ТВ.

Предвидено е да се дефинира тежината на нивните повреди, степенот на изгорениците и повредите на другите телесни функции, со оглед на тоа што преживеале тешка психофизичка траума. Потоа се подготвува план за лекување.

„Со оглед на тоа што се работи за пациенти кои изгореле во затворени простории, всушност очекуваме дека ќе бидат посериозно изгорени со некој поголем процес на површината на кожата. Очекуваме да имаат изгореници со вдишување, или изгореници на респираторниот тракт“, изјави вчера за Дневник на Нова ТВ Тихана Магдиќ Турковиќ од Клиниката за трауматологија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни