Напорите за порибување на езерото од Албанска страна се прават од мрестилиштето во Лин, за кое Олси Чекичи, специјалист во мрестилиштето вели дека ќе го зголемува капацитетот откако добиле поддршка од Министерството за земјоделство.
Порибувањето на Охридското Езеро со коран е обврска на двете земји кои го делат езерото, но од албанска страна наведуваат дека Северна Македонија со години не го извршува својот дел од обврската.
Како што наведува „ABC News Albania“, охридската пастрмка со години веќе не е на листата на загрозени видови, а според експертите ситуацијата се променила поради менување на свесноста на рибарите.