Две милиони парчиња охридска пастрмка – коран фрлени во Охридското Езеро од албанска страна

Охридското Езеро беше порибено со речиси два милиони парчиња подмладок охридска пастрмка – коран од албанската страна. За прв пат во три децении, толку рекордна сума се фрла во езерото што го делат Македонија и Албанија, пишува „ABC News Albania“.
Фото: ABC News Albania

Напорите за порибување на езерото од Албанска страна се прават од мрестилиштето во Лин, за кое Олси Чекичи, специјалист во мрестилиштето вели дека ќе го зголемува капацитетот откако добиле поддршка од Министерството за земјоделство.

Порибувањето на Охридското Езеро со коран е обврска на двете земји кои го делат езерото, но од албанска страна наведуваат дека Северна Македонија со години не го извршува својот дел од обврската.

Како што наведува „ABC News Albania“, охридската пастрмка со години веќе не е на листата на загрозени видови, а според експертите ситуацијата се променила поради менување на свесноста на рибарите.

Најново

Последни колумни