Две лица загинаа во серија земјотреси во Гватемала

Во земјотресите е предизвикана материјална штета. Земјотресите се почувствувале и во соседен Ел Салвадор.

Најмалку две лица загинаа во серија земјотреси што ја погодија Гватемала, изјави утрово претставник на цивилната заштита во таа централноамериканска земја.

Претставник на агенцијата за управување со катастрофи изјави дека двете лица загинале кога нивното возило било затрупано од одрон на пат југозападно од главниот град Гватемала.

Земјотресите биле со јачина од 4,8 до 5,6 степени и на мала длабочина, соопшти Американскиот геолошки институт.

Во земјотресите е предизвикана материјална штета. Земјотресите се почувствувале и во соседен Ел Салвадор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни