Две лица загинаа, неколку се повредени при превртување на автобус во Србија

Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот, се очекуваат официјални информации од српското МВР

Автобус се превртел на патот Сремска Митровица – Јарак денес околу 14:45 часот, јавуваат сроските медиуми.

Според досегашните податоци, две лица загинале, а десетици други се повредени при превртување на автобус на патот Сремска Митровица – Јарак, потврди полицијата за N1.

Полицијата, пожарникарите и екипите на брзата помош се на местото на настанот.

Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот.

Како што неофицијално дознава Сремска телевизија, станува збор за автобус кој превезувал работници.

Се очекуваат официјални информации од српското МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни