Две лица загинаа на фестивал во Мексико откако се срушил кран поради силен ветер

Кран се урна за време на на отворањето на AXE Ceremonia, популарен музички фестивал што се одржува во Parque Bicentenario во Мексико Сити, што резултираше со смрт на две лица и откажување на настанот, потврдија неговите организатори во неделата.

Жртвите, идентификувани како фотографите Беренис Гилс и Мигел Ернандез, починале во саботата кога структурата на местото на фестивалот попуштила поради силен ветер, според извештаите на Асошиетед прес и локалниот весник Ел Универзал. Двајцата биле итно пренесени во општата болница „Д-р Рубен Лењеро“ со трауматски повреди на мозокот и повеќекратни фрактури, потврди мексиканската јавно здравствена агенција IMSS-Bienestar.

„Со длабока тага ја потврдуваме смртта на двете лица повредени за време на денешниот инцидент“, се вели во соопштението на организаторите на фестивалот. „Длабоко сме тажни поради оваа загуба. Ги контактираме нивните семејства за да бидеме со нив во ова тешко време и да им понудиме целосна поддршка и солидарност. Безбедноста на нашата заедница отсекогаш била наш приоритет, и одржувавме, како и од самиот почеток, блиска соработка и целосна отвореност со властите.“

AXE Ceremonia е фестивал кој привлекува десетици илјади музички фанови годишно за прославата на латино музиката. Трагичниот инцидент во саботата доведе до откажување на закажаните настапи во недела – кога требаше да настапи влијателната група Massive Attack и раперот Tyler, The Creator.

Двајцата фотографи наводно биле на задача за Мистер Инди, музички сајт на шпански јазик.

Организаторите на AXE Ceremonia рекоа дека тесно соработуваат со локалните власти за да го истражат колапсот и да обезбедат поддршка за семејствата на жртвите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни