Две кројачници во Рим, недалеку од Ватикан, се задолжени веќе повеќе од еден век за изработка на папските облеки. Иако сè уште не им е дадена официјална нарачка за идниот папа, тие забрзано ги подготвуваат.
Кројачките работилници на Стефано Гамарели и Раниеро Манчинели ќе подготват облеки во три различни големини за да одговараат на кој било од 133 кардинали што се кандидати за нов папа.
Работилницата на Гамарели ги шиеше облеките за сите папи во минатиот век, додека кројачницата на Манчинели ги изработи облеките за последните тројца папи.
Манчинели е горд што ги запознал сите тројца лично, што го потврдуваат и фотографиите што ја украсуваат неговата работилница.
„Сите беа добри, пријатни и дружељубиви“, вели 86-годишниот кројач.
Меѓу Манчинели и Гамарели постои одредено ривалство. Работилницата на Гамарели постои од 1798 година и шиела облека за сите папи во последните 100 години. Сега ја води Стефано Гамарели, кој е шеста генерација од познатиот кројачки род. Тие исто така шиеја капи, појаси и многу други елементи кои ја сочинуваат папската облека.