Две африкански земји најавија забрана за влез за Американци

Мали и Буркина Фасо објавија дека ќе им забранат влез на американските граѓани во нивните земји како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани влез во САД на граѓаните на Мали и Буркина Фасо.

Одлуките беа објавени вчера во одделни изјави од министрите за надворешни работи на двете западноафрикански земји и претставуваат ново заострување на веќе студените односи меѓу воените власти во Западна Африка и САД.

Држави управувани од воена хунта

На 16 декември, Трамп ја прошири претходната забрана за патување на уште 20 земји, вклучувајќи ги Мали, Буркина Фасо и Нигер. Ова се држави кои се управувани од воена хунта и кои воспоставија посебна асоцијација по напуштањето на регионалниот блок на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS).

„Во согласност со принципот на реципроцитет, Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка ја информира домашната и меѓународната јавност дека, веднаш по објавувањето, Владата на Република Мали ќе ги примени истите услови и барања за американските граѓани како што Американците ги применуваат за граѓаните на Мали“, соопшти Министерството за надворешни работи на Мали.

Слично објаснување беше наведено во изјавата потпишана од министерот за надворешни работи на Буркина Фасо, Карамоко Жан-Мари Траоре, со која се објавува забраната за влез на американски државјани во таа земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни