Двајца актери одбиле да бидат прогласени за најсекси маж па затоа бил избран Красински?

Магазинот People секоја година го избира најсексапилниот маж на светот. Оваа година титулата ја освои актерот и режисер Џон Красински (45). Овогодинешниот победник предизвика различни реакции во јавноста. Многумина го изразија своето незадоволство од овогодинешниот избор за најзгоден маж.
Фото: Педро Паскал | Gage Skidmore/Flickr

Дејли Мејл дознава дека Џон не бил првиот избор за најсекси маж за оваа година. Наводно, „People“ прво ги сакале Глен Пауел и Педро Паскал, но тие одбиле. Извор за медиумот изјавил дека магазинот „ги молел двајцата да ја прифатат титулата“, но тие континуирано одбивале.

„Списанието секоја година има фаворит, но личноста што ја сакаат не секогаш се согласува да биде дел од него. Дали навистина мислите дека го сакаа Патрик Демпси минатата година? Џон, како и Патрик, е одличен човек, но тој не беше главен фаворит. Списанието во неколку наврати ги замоли Глен Пауел и Педро Паскал да ја земат титулата, но тие ги одбија“, рече изворот.

Тој додава дека не е важно Пауел и Паскал да ја добијат титулата за најсекси маж во овој момент од нивните кариери.

„Глен сака да се фокусира на глумата сега кога конечно добива неверојатни улоги и станува поголема ѕвезда, а Педро не чувствува дека титулата е нешто што го сака. Иако е ласкава титула, на неговото его не му е потребна“, додава изворот.

Да потсетиме, Џон Красински беше прогласен за најсекси маж на светот во 2024 година во емисијата The Late Show на Стивен Колбер. Џон вели дека неговата сопруга Емили Блант била многу возбудена кога ја слушнала големата вест. Актерката дури и се пошегува пред објавата на People дека ако нејзиниот сопруг ја освои титулата, таа ќе ја излепи куќата со корици од списанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни