Двајца австриски сноубордери кои биле надвор од пистата на глечерот Штубај во Тирол, западна Австрија, загинаа во лавина, соопшти денес полицијата.
Лицата на возраст од 37 години, биле пронајдени синоќа, но спасувачките служби „можеле само да ја потврдат смртта“, соопшти австриската полиција во соопштението по големата потрага во која беа вклучени спасувачи, кучиња и беспилотни летала.
Лавините низ Алпите веќе одзедоа животи на десетици луѓе од почетокот на сезоната, а многу скијачки центри издадоа предупредувања за лавини. Во регионот каде што се случи последниот инцидент, во последните денови е на сила предупредување за лавини од ниво 4 на скала од 5 поради големи количини на нов снег.
Во соседна Италија, двајца скијачи загинаа во лавина во неделата, а трет е во сериозна состојба.