Дваесет и шестата група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Денес, 35 американски волонтери на Мировен корпус Северна Македонија денеска положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе од 800 американски граѓани кои служеле во Северна Македонија од 1996 година. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во Северна Македонија соработувајќи со наставници, ученици, и организации.

На церемонијата присуствуваа амбасадорката на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претставници на министерствата и општините, директори на училишта и други соработници, како и семејствата-домаќини на волонтерите. Волонтерите ќе почнат со својата служба во четврток.

„Волонтерите го претставуваат најдоброто од она што Америка му го нуди на светот, а што е уште поважно, тие со себе назад ќе го однесат најдоброто од она што Северна Македонија му го нуди на светот.  Тие градат мостови меѓу луѓето од нашите две држави кои траат со години и продолжуваат да постојат дури и кога волонтерите ќе завршат со својата служба.“, рече амбасадорката Анџела Прајс Агелер.

Како дел од подготвителната обука, волонтерите живееја во семејства-домаќини изучувајќи го македонскиот и албанскиот јазик и културата. Тие имаа можност и за практична обука предавајќи во локалните училишта и помагајќи во локалните невладините организации.

“Во следниот период, овие волонтери ќе бидат добредојдени во новите домови и заедници и ќе започнат да работат во локалните училишта, општините или невладините организации во кои се назначени. Сакам однапред да им се заблагодарам на семејствата-домаќини и соработниците за сета поддршка што ќе ја пружат во текот на следните две години од службата на нашите волонтери.”, рече директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија Дејвид Рисајд.

Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.

Најново

Последни колумни