Два земјотреси со јачина од 2,7 и 2,9 степени Рихтерова скала ја погодија утрово Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Земјотресот со јачина од 2,7 степени ја погоди населбата Гоч во општината Врњачка Бања во 7:18 часот, на длабочина од шест километри.
Другиот земјотрес, во 7:20 часот, со јачина од 2,9 степени, го погоди истото место на длабочина од 10 километри.