Два воздушни балони се срушија во Кападокија, има мртви и повредени

Загинатиот бил едно од лицата што управувале со балоните, а до сега, сè уште не е познато што предизвикало падот
Фото: Drew Geraets/Flickr

Најмалку едно лице загина, а 19 се повредени кога два балони на топол воздух се урнаа во централна Турција, објави Скај њуз.

Загинатиот бил едно од лицата што управувале со балоните, а до сега, сè уште не е познато што предизвикало падот.

Несреќата се случила за време на панорамски лет што започнал во долината Ихлара, во регионот Кападокија – популарна туристичка дестинација позната по своите необични карпести формации и летови со балони, кои привлекуваат голем број туристи од целиот свет секоја година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни