Во Белград цело попладне се одвиваат паралелни собири пред зграда на Собранието на Србија – едниот во поддршка на Дијана Хрка, мајката која штрајкува со глад поради смртта на својот син, и другиот од приврзаниците на власта познато како „Чациленд“.
Од „Чациленд“, во текот на денот е пуштена гласна музика, што дел од собранието со поддршка на Хрка го оцени како намерна провокација. Според медиумските извештаи, ситуацијата е релативно смирена, но полицијата останува распоредена со цел да спречи ескалација.
Дијана Хрка порачала дека ова однесување („гласната музика“) е психолошки притисок и „покушај да ја оттргнат“ од нејзината борба.
Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи (МУП), на собирот на Српската напредна партија (СНС) пред Собранието на Србија присуствувале околу 47.500 граѓани, а на протестот во поддршка на Дијана Хрка, на аголот меѓу улиците Таковска и Булевар краља Александра, се собрале околу 2.600 лица.
Од МУП наведуваат дека двата настани биле уредно пријавени, дека полицијата навремено ги испланирала сите безбедносни мерки и дека собирите поминале мирно, без инциденти и повредени. Министерството апелирало граѓаните да ги изразуваат своите ставови мирно и во согласност со законот, потсетувајќи дека навременото пријавување на јавни собири е предуслов за нивно безбедно одржување.