Два земјотреси го погодија округот Вранчеа, во источна Романија, утрово, објави Националниот институт за физика на Земјата (INFP). Според INFP, првиот земјотрес е регистриран со магнитуда 4,19, а вториот со магнитуда 5,11, двата со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала, објави „digi24“.
Епицентарите биле во близина на Фокшани, Бузау, Сфанту-Георге и Брашов, на длабочина од околу 130 километри. Ова е трет земјотрес во Вранчеа оваа недела – претходниот се случи во среда, исто така со магнитуда од 4,2.
Најсилниот земјотрес минатата година е регистриран на 16 септември во округот Бузау, со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала.
Засега, нема информации за евентуални материјални штети од утринските змејотреси.
