Search

Два пиштола со кои Наполеон се обидел да се самоубие одат на аукција

Фото: YouTube/Osenat

Два богато украсени пиштола кои му припаѓале на Наполено до неговата прва абдикција во април 1814 година и со кои сакал да се убие, ќе бидат понудени на аукција во недела од страна на аукциската куќа Осенат.

Пиштолите се продаваат во дрвени кутии и со опрема. Украсени се со злато и сребро, а нивната вредност се проценува на 1,2 до 1,5 милиони евра, вели експертот на Осенат, Жан-Пјер Осенат.

Наполеон ги нарачал овие пиштоли од мајсторот Луј Марин Госет, кој работел во Версај. Пиштолите кои ќе бидат понудени на аукцијата се поврзани со неговиот обид за самоубиство во Фотенблу, во близина на Париз, вечерта помеѓу 12 и 13 април 1814 година, разочаран од воениот пораз.

Меѓутоа, во самоубиството го спречил неговиот главен коњушар Коленкур, кој од пиштолот го извадил барутот. Наполеон тогаш зел отров, но го повратил и не умрел, вели Осенат.

„Наполеон тогаш ги поклонил двата пиштола со мечот на Коленкур поради неговата верност во тие мрачни денови. Од тогаш тие се во сопственост на неговото семејство, кое сега одлучува да ги продаде“ вели тој.

Осенат истакнува дека пиштолите имаат голема уметничка и историска вредност и дека се барани низ целиот свет. Потсети дека познатата капа од Наполеон е продадена за 1,932 милиони евра во ноември.

Наполеон прв пат абдицирал на 6 април 1814 година, откако пруските и руските единици влегле во Париз, по што тој заминал во егзил на островот Елба.

Конечниот пораз за Наполеон доаѓа во битката кај Ватерло, по што тој повторно абдицира во јуни 1815 година и оди во егзил на островот Света Елена, каде што и умира во мај 1821 година.

Најново

Последни колумни