По нејзината уметничка резиденција во селото Слоештица, Хунтерова креирала визуелна приказна за Љубица и малкуте други соселани, кои и покрај тешкотиите, наоѓаат мир, поврзаност и слобода во зафрленото македонско село.
Во терминот од 22:30 часот, исто во Сули ан, ќе биде прикажан филмот „Кодот на Преспа“ на Никола Поповски. Во регионот на Долна Преспа, особено во селото Наколец, но и во околните села, со децении (а можеби и со векови) постои традиција на органски создаден соживот заснован врз меѓусебно разбирање и почитување. Секојдневниот живот на протагонистите таму и нивните меѓусебни односи претставуваат своевиден модел во кој е скриен одреден код на заедништво и општествена кохезија помеѓу луѓе од различни етнички, верски и други профили.

Сценариото за филмот е на Борјан Јовановски, кинематографери се Ѓорѓи Клинчаров и Фејми Даут, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја компонираше Глигор Кондовски, а продукцијата е на „Strymon Film“.

Претходната вечер, на 26 август, во Сули ан беше отворена фотоизложба на уметникот со светско реноме Киро Урдин. Фотографиите се создадени во при неговите многубројни посети на Долината Омо во Африка. Пред публиката во Сули ан авторот Урдин зборуваше за своите искуства при патувањата во Африка, средбата со африканските етнички заедници во Долината Омо и фасцинацијата од светот кој е далеку од цивилизацијата, а блиску до срцето. Урдин зборуваше и за снимањето на своите арт-филмови во Африка, како и за патешествието со неговиот најпознат филм „Планетариум“. Во истиот блок беше прикажан и неговиот документарен филм „Оган и вода“.

Премиерата на три кратки документарни филмови на школата „Докуникулци“ на „МакеДокс“ се одржа на 26 август во Сули ан. Објектот едноставно беше претесен да ги собере сите заинтересирани да ги видат остварувањата на „Докуникулците“. Во еден блок беа прикажани филмовите „Живуша“ на Ксенија Довезенска, „Како стигнав до овде?“ на Рој Стефанова и „Борби со ветерници“ на Борјан Гаговски. Ментори на работилницата се режисерот Трифун Ситниковски и монтажерот Горјан Атанасов. Во реализацијата на филмовите учествуваа и Ивана Тимова, Ева Божиновска, Теодор Дамјановски, Јована Гаврилоска и Никола Поповски. Пред публиката во Сули ан младите филмски автори со голема возбуда зборуваа за снимањето, монтажата и продукцијата на своите први филмски дела.
Целосната програма на фестивалот „МакеДокс“ може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и мобилната фестивалска апликација.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ – Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.
Шеснаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасада на Франција, Француски институт, Амбасада на Кралството Холандија, Австриска Амбасада, Казино Австрија, Грчки филмски центар, Гете институт, Скопско смут, Амбасада на Република Чешка, Чешкиот културен центар во Софија, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултет за ликовни уметности, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на 16. „МакеДокс“ се МТВ – Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа, Култура Бета, Трн, Блен.мк и Медуза.