Два хороскопски знаци кои најтешко се справуваат со одбивањето

Додека некои луѓе го доживуваат одбивањето како минлива непријатност, за други тоа претставува длабоко лично искуство.

Во астрологијата, постојат знаци на кои особено тешко им паѓа сознанието дека не се посакувани, признати или сакани. Нивната реакција може да биде бурна, тивка, повредена или дури и одмаздољубива – но едно е сигурно: не го преболуваат лесно. Според астролозите, овие два знака најтешко се носат со чувството на отфрленост.

Скорпија
За Скорпијата, одбивањето не е само крај на нешто – тоа се доживува како лично предавство. Зад нивната самоуверена надворешност често се крие длабока потреба за емоционална сигурност. Кога ќе бидат отфрлени, Скорпиите може да се повлечат, но болката останува долго со нив. Тие имаат силна интуиција и знаат да го анализираат секој детаљ од ситуацијата, обидувајќи се да ги откријат вистинските причини – дури и кога другата страна веќе не им дава знаци.

Ситуацијата е уште потешка поради нивната интензивна емоционалност. Ако се почувствуваат омаловажено или игнорирано, можат да станат ладни и одмаздољубиви – иако ретко го покажуваат тоа веднаш. Контролата им е од суштинско значење, а одбивањето го доживуваат како губење на таа контрола. Наместо директно да се соочат со болката, тие често градат ѕидови – и паметат.

Лав
Лавовите имаат силна потреба за признание и прифаќање, па затоа одбивањето директно го погодува нивното чувство на сопствена вредност. Иако на површина изгледаат самоуверено, внатрешно тешко се справуваат со емоционалните повреди. Кога ќе почувствуваат дека не се доволни или не се посакувани, Лавовите го доживуваат тоа како удар по нивната гордост. Тогаш може да се повлечат – но со крената глава.

Освен што не поднесуваат да бидат игнорирани, тешко им паѓа и губењето на вниманието. Лавовите сакаат да бидат сакани и ценети, а кога тоа изостане, може да се однесуваат како да не им е грижа – иако длабоко во себе страдаат. Обично ја враќаат својата самодоверба преку успех, пријателства или ново внимание, но одбивањето што некогаш ги повредило останува засекогаш присутно во сенката на нивното его.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни